Олмо се договори со Барса

102

Шпанските медиуми, кои важат за блиски до Барселона, открија дека каталонскиот гигант веќе ги има договорено личните побарувања на шпанскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Дани Олмо. Барса и за време на летниот преоден рок се обиде да ги осигура услугите на поранешниот фудбалер на Динамо од Загреб, но двата клуба не најдоа заеднички јазик околу обештетувањето од 50 мил. евра.