Организаторите на Олимписките игри во Токио направија голем пропуст. Имено, некои спортисти имаат проблеми со користењето на своите сместувања. Ова особено се однесува на некои спортисти кои се високи над два метри, па на истите не им е лесно со својата висина да влезат во тоалет.

Таква ситуација имаше австралискиот кошаркар Арон Бајнс кој се фотографираше во бањата со искривена глава.