Шокантна вести ни доаѓа од САД, каде што полицијата минатиот петок ја пронашла мртва олимпијката Данијела Лареал Чиринос. Поранешната учесничка на неколку Олимписки игри и успешна велосипедистка имала 50 години, а по долгата кариера работела во хотел во САД.

Една од најголемите спортистки од Венецуела е пронајдена во нејзиниот стан и информациите од истрагата велат дека се задушила од храна. Кога не се појавила на работа и било утврдено дека никој не ја видел со денови, колегите ја алармирале полицијата која ја пронашла на 16 август. Лекарските наоди велат дека во тој момент таа била мртва веќе пет дена.

Чиринос учествуваше на пет Олимписки игри, почнувајќи од Барселона во 1992 година, преку Атланта во 1996 година, Сиднеј во 2000 година и Атина во 2004 година. Таа го прескокна Пекинг, а последен пат се појави во Лондон во 2012 година. По Лондон, стави крај на долгата и успешна кариера. Има две злата и три сребра од Панамериканските игри, две злата, три сребрени и четири бронзи од панамериканските првенства и осум злата, две сребра и бронза од Централноамериканските игри.