Оле лобира за Дибала

48
Аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пауло Дибала, е најновата желба на менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер.
Раководните лица на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од прикажаната игра на Дибала во изминатата сезона, но и напаѓачот не крие дека е незадоволен од минутажата во Торино. Големата желба на норвешкиот стручњак може да стане реалност само со понуда која нема да биде помала од 80 мил. фунти.