ОЛАФ откри милиони антиковид неисправни производи

25

Милиони фалсификувани или неисправни здравствени производи се пронајдени во Европска Унија од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

– Агенцијата за борба против измами на ЕУ (ОЛАФ) пронајде околу 52 милиони неисправни гелови за раце, заштитни маски и тестови, се наведува во годишниот извештај на институцијата.

ОЛАФ истакнува дека идентификувани се 1.150 осомничени трговци со фалсификувани производи или производи со грешка.

– Од март минатата година, се соочуваме со се поголем број на фалсификувани, неквалитетни и небезбедни производи, на што реагираше ОЛАФ, изјави генералниот директор на Агенцијата, Виле Итал.

Тој додаде дека таквите производи најчесто доаѓале од трети земји.