Оксфам: Г7 им „должи“ на сиромашните држави 13 трилиони долари

48

Богатите и индустријализираните земји од Г7 им должат на сиромашните земји околу 13 трилиони долари неплатена помош за развој, како и поддршка во борбата против климатските промени, процени хуманитарната организација Оксфам.

Наместо да ги исполнуваат своите обврски, земјите од Групата седум и нивните банки бараат отплата на долг од 232 милиони долари дневно, објави Оксфам денеска пред самитот на Г7 кој ќе се одржи од петок до недела во Хирошима, Јапонија.

– Богатите земји од Г7 сакаат да се прикажуваат како спасители, но спроведуваат смртоносен двоен стандард – тие играат според еден сет на правила, додека нивните поранешни колонии се принудени да играат според друг. Богатиот свет е тој што му должи на Глобалниот југ. Помошта што ја ветија пред неколку децении, но никогаш не ја дадоа. Огромните трошоци од климатските штети предизвикани од нивното несовесно согорување на фосилни горива. Огромното богатство изградено на колонијализам и ропство – рече привремениот извршен директор на Оксфам, Амитаб Бехар.

Оксфам соопшти дека самитот се одржува во време во кое се кратат платите на работниците, драстично зголемување на цените на храната и пораст на гладот во светот, пренесе ДПА.

– За прв пат во 25 години, екстремното богатство и екстремната сиромаштија се истовремено се зголемуваат. Земјите од Г7 го прекршија ветувањето дека ќе даваат 100 милијарди долари годишно за да им помогнат на посиромашните земји да се справат со климатските промени, потсетува Оксфам, додавајќи дека се проценува дека нивните емисии на јаглерод предизвикале загуби и штети од 8,7 трилиони долари во земјите со низок и среден приход – додава организацијата.

Во 1970 година богатите земји ветија дека годишно ќе даваат 0,7 отсто од економското производство за развојна помош. Но, не беа обезбедени 4,49 трилиони долари, што е повеќе од половина од ветувањето.

– Тие пари можеа да направат разлика. Можеше да плати за школување на децата, болници, лекови за спасување животи, пристап до вода, како и подобра инфраструктура, земјоделство и безбедност на храна и многу повеќе. Г7 мора да ги плати своите долгови. Ова не е за добра волја или за добротворни цели – тоа е морална обврска – нагласи Бехар.