Околу 3.000 земјоделци од Прилепско поднеле барања за субвенции

26

Околу 3.000 земјоделци од прилепскиот регион доставиле барања за субвенции, информира Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Околу 2.700 земјоделци аплицирале директно во Подрачната единица, а околу 300 електронски, преку интернет.

Според раководителот на Подрачната единица, Зоран Пачешкоски, најголем е интересот за градинарското производство и за житните култури.

-Сите барања и предмети на земјоделците се доставени до Агенцијата за финнсиска поддршка. Интересот е најголем за градинарските и за житните култури. Интересно е што годинава е зголемен интересот и за пчелни семејства, и тоа на млади земјоделци. Ги потсетувам земјоделците дека во рок од 30 дена имаат можност да направат дополнувања на барањата, како што е ситуацијата во површините со земјоделски култури, вели пачешкоски.

Во споредба со лани, интересот е на истото ниво.

Во регионот на Прилеп и Долнени има околу 10.000 земјоделци од кои 3.000 аплицираа сега, а 7.000 се тутунари кои не мора сега да поднесуваат барања, туку по откупот на тутунот.

Како што информираат од Подрачната единица, сите мерки за субвенционирање се исплатени. Остануваат мерките за млеко во неколку фази и мерките за производството на пипер. Тоа ќе биде исплатено во најкус рок, а се доцни од технички причини поради КОВИД пандемијата.