Околу 17.000 земјоделци ќе добијат 80 милиони денари од поврат на персоналецот

105

Од наредната недела ќе почне враќањето на персоналниот данок на земјоделците кои имаат остварени приходи од земјоделска дејност во 2018 година во висина до еден милион денари. Според податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ на 17.000 земјоделци ќе им бидат вратени вкупно 80 милиони денари. Услов за да го добијат назад песоналецот е земјоделците да немаат приходи остварени по друга основа, редовен работен однос, пензија, игри на среќа итн.

-Досега земјоделците беа ослободени од плаќање на данок во висина до 300 илјади денари, но сега се врши враќање на персонале данок кај земјоделци со основна дејност земјоделство кои што имале приходи до еден милион денари. Песоналниот данок е 10 отсто од даночната стапка која изнесува 20 отсто, бидејќи 80 отсто се прифатливи трошоци во земјоделството. Меѓутоа земјоделците сметаат дека им се враќа 2 отсто на вкупниот износ на доход, изјави министерот за земјоделство, Трајан Димковски и додаде дека овие пари ќе бидат исплатени до крајот на годинава за која цел земјоделците треба да ги ажурираат своите трансакциски сметки.

Од УЈП појаснуваат дека ова право на поврат го остваруваат физичките лица кои оствариле вкупен приход од продажба на сопствени земјоделски произвоиди до еден милион денари, а физичките лица кои ќе го надминат овој праг имаат законска обврска да регистрираат дејност во надлежен регистар.