Околу 1.400 дрвја ќе влезат во личната карта на Кисела Вода

66

Со новите активности за воспоставување зелен катастар на oпштина Кисела Вода ќе бидат опфатени јавните зелени површини во урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија и дел од Кисела Вода. Се работи за околу 1.400 дрвја кои ќе влезат во зелената лична карта на општината.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, целта на овој проект е подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и заштита на животната средина.

– За секое регистрирано дрвце ќе има податоци за степенот на апсорпција на штетни материи преку утврдените индикатори на штетност, неговата старост, потенцијалната опасност и потреба од сеча, а ќе се утврди и можноста за засадување на нови дрвца. И овие информации, како и претходно поставените кои се однесуваа на зеленилото во училиштата и градинките, ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило кој ќе биде достапен и на официјалниот веб портал на Општина Кисела Вода. Активностите за надополнување на содржините ќе продолжат и во текот на наредната година – информираат од општина Кисела Вода.