На социјалните мрежи е објавена шокантнa снимка од моментот кога украински падобранци се обидуваат да ја пробијат руската граница со полна брзина со оклопно возило „Козак 2“.
Украински падобранци се обиделе да го пробијат контролниот пункт Колотиловка, на границата со регионот Белгород, во обид да го прошират упадот на територијата на Руската Федерација.
Возилото удрило во таканаречените „змејски заби“, а потоа било цел на руски дрон, како и на прецизно наведувана артилериска граната на системот „Краснопољ“.
Русите го опишаа овој напад како „самоубиствена мисија“.
Меѓутоа, по некое чудо дел од војниците од уништеното возило успеале да побегнат, пред големата експлозија целосно да го уништи блиндираниот автомобил.
– Падобранците едвај го преживеаја овој напад, но сепак успеаја да се симнат на влезот во пунктот – се наведува во еден извештај.
Од друга страна, Русите тврдат дека тие што се симнале биле брзо елиминирани, додека други биле „запалени со сите возила“.
На видеото се гледаат најмалку седум украински војници.
Украина, наводно, неколку пати се обидела да ја пробие границата во регионот на Белгород.
Овој инцидент се совпаѓа со извештаите дека Русија ги одбила украинските напади и напорите да ја пробие границата кај Колотиловка.
🇷🇺 ⚔️ 🇺🇦
Suicidal attempt by the Ukrainian Armed Forces to break through to the Belgorod region ended in complete failure.The armored vehicle “Kozak-2” with Ukrainian paratroopers tried to ram the checkpoint “Kolotilovka” but was stopped by powerful obstacles “dragon’s teeth”… pic.twitter.com/izx8aas9SW
— FactFactoryX (@FactFactor2023) August 15, 2024