Од 1 март: Паркирање во Скопје по намалени цени

46

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денеска донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март 2022 година.

Со оваа одлука, како што соопшти Град Скопје, се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“ и тоа во зона А0 од 100 на 75 денари за еден час, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д од 30 на 25 денари за 1 час.