Од утре промена на времето: УХМР најавува пониски температури, дожд и снег

144

Под влијание на влажен бран од утре ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи, информира УХМР.

Локално се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен.

Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови опаѓање на температурата за 6-8 степени. На планините врнежите ќе бидат од снег.