Од утре Град Скопје објавува нов јавен повик за приватни превозници, „Слобода превоз“ и Макекспрес“ нема да можат да аплицираат

40

Градот Скопје утре ќе објави јавен повик за приватни автобуски превозници на линиите со број 20 и 22. Единствена разлика, како што информираат од Градот Скопје, е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.

– Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници, се вели во соопштението на Градот.

Оттаму потенцираат дека јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи, и, како што се вели во соопштението, во случајот, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје.– Основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи  130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поефтина, сигурна и стандардизирана услуга, велат од Град Скопје.