Од Тетово до Попова Шапка ќе се гради нова гондола

71

На владина седница се прецизирани седумте опции за развој на Попова Шапка кои се понудени во физибилтии студијата што веќе ја презентира консултантската куќа Прајс Вотерс Хаус Куперс. Министерот за еконија Крешник Бектеши вели дека со оглед на регионалното значење на Попова Шапка, информации ќе добијат и градоначалниците на полошките општини кои ќе бидат на владината седница во Тетово.

Тој посочи дека во презентацијата е посочена и идејата за изградба на гондола од Тетово до Попова Шапка.

-Според калкулациите на консултантите, изградба на гондола ќе чини 23 милиони евра.  Наредната година ќе почнеме со проектирањето на гондолата што ќе чини 200 до 300 илјади евра, а потоа ќе одлучиме дали ќе одиме со јавно приватно партнерство или директна инвестиција на ЕСМ, рече Бектеши.