Од сабота уживање на новата нагорна велосипедска патека на Водно

1763

Сите љубители на велосипедизмот, рекреативци и спортисти, од сабота ќе  може да уживаат на новата нагорна велосипедска патека на планината Водно што ја градеше Град Скопје.

Новата Пионерска патека е долга 3.432 метри, со со максимален наклон од 5 до 7 проценти и широчина од 2 до 3 метри. Официјалното отворање на патеката се најавува за 03.10.2020 година (сабота) на Средно Водно со почеток во 12 часот.

Од групата „Прв до врв“ ги покануваат претходно, сите велосипедисти да учествуваат на натпревар во организација на овој клуб.

– Натпреварот ќе стартува во 10 часот од полициска станица Водно и секој натпреварувач ќе стартува на 20 секунди. На натпреварот се поканети да учествуваат сите од 7 до 77 години, без котизација. Учеството е бесплатно. Награди за најбрзите во машка и женска конкуренција, вредносни ваучери за Номад Мобилити, Про-Спорт и Про Бајк и тоа прво место – 5.000 денари, второ место 3.000  и трето место 2.000 денари – соопштуваат од „Прв до врв“.

– Можеш ли да замислиш возење велосипед на Водно без сообраќај, низ шума, на велосипедска патека? Во сабота Водно станува Вело Водно, дојди заедно со трка да ја отвориме новата патека за планински велосипеди – велат оттаму.

(С.Бл.)