Од почетокот на годинава: Увозот на мед во Б и Х е 22 пати поголем од извозот

82
Фото:пекселс

Од почетокот на годинава од Босна и Херцеговина се извезени 1,5 тони мед во вредност од 44.400 конвертибилни марки (КМ), што е околу 22.500 евра, а увезени се околу 33 тони во износ од околу 2,4 милиони КМ (околу 1,22 милиони евра), соопшти денеска Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина.

Овие податоци укажуваат дека годинава увозот на мед е поголем и во количина за околу 10 тони во однос на истиот период лани, додека извозот не бележи осцилации, пренесе РТРС.

Водечки извозни пазари беа Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а најмногу пчелни производи се увезени од Хрватска, Турција, Србија, Бугарија и Унгарија.

Од комората забележуваат дека минатата година била лоша за поголемиот дел од домашните пчелари, што го потврдува и годишната анализа на надворешнотрговската размена, според која е забележан пад на извозот за повеќе од 40 отсто.

Вредноста на извозот на мед лани изнесува 240.880 км, што е за 20,32 отсто помалку од 2022 година, додека увозот е околу 3,55 милиони км (25,13 отсто помалку), пренесува Танјуг.