Од позитивните ракометари на Kовид 19  во Вардар и Металург настрада репрезентацијата

212

Наместо на гостување во Франција кај тимот на ПСЖ, тимот на Вардар 1961 ќе треба да биде во десетдневна самоизолација. Причината за ова е второто одложување на овој натпревар поради тоа што македонскиот шампион непосредно пред тргнувањето за Париз, пријави двајца ракометари позитивни на коронавирусот. По консултациите со Европската ракометна федерација (ЕХФ) решено е натпреварот да биде одложен, и да биде закажан во друг термин кој дополнително ќе биде одреден.

Поради позитивните тестови на два члена на клубот „вардарци“ во следните десет дена останатите ќе мора да бидат во карантин, како страв од можно ширење на заразата. Добра вест за „црвено – црните“ е дека во овој период ќе биде одложен само овој натпревар, бидејќи од наредната недела почнува квалификацискиот цикулус за ЕП 2022 година.

Поради тоа што во двата тима има позитвни ракометари на коронавирусот, останатите мора да бодат во изолација. Тоа е лоша вест за селеторот на репрезентацијата Даниел Брестовац, кој нема да може да смета на некои од играчите на овие два тима

Но, ова е лоша вест за селекторот Данило Брестовац, кој нема да може да смета на репрезентативците од Вардар, кој мора да бидат во изолација. Меѓутоа, нема да може да смета и на поголемиот дел од играчите на Металург, тим во кој исто така имаше позитивни ракометари по одигрувањето на мечот од Европската лига против тимот на Тулуз.

Македонија во овој квалификациски прозорец од Европското првенство треба да игра против Финска на 4. ноември на домашен терен и против Швајцарија на гости три дена подоцна.

За македонскиот шампион ова е трет одложен натпревар во Лигата на шампионите, по оној со Елверум и ПИК Сегед.  Меѓутоа и ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед. Вардар досега има одиграно  три натпревари и од истите има три бода, додкеа ПСЖ од четири натпревари има три порази и само една победа.

Во групта на Вардар од ЛШ лидер е тимот на Киелце со осум бода од пет натпревари исто колку што има и тимот на Фленсбург Вардар е на петтата позиција, а ПСЖ едно место подоле.