Од обдукција потврдија: Пронајденото тело во Дунав е на Матеј Периш

1511

Телото извлечено од Дунав вчера утрината е на сплиќанецот Матеј Периш кој исчезна на 31 декември минатата година, потврдија од обдукција.

Телото на Периш е пронајдено на 8 километри од место каде го виделе за последен пат, а обдукцијата покажа ненасилна смрт, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Од личните работи пронајдени се неговиот часовник и мобилен телефон. Последниот сигнал од телефонот на 27-годишниот Периш е регистриран во реката Сава каде се претпоставува дека се удавил.