Дома LIFE Од лабораторија на трпеза: Нова сорта јаболки, кои во фрижидер траат до...

Од лабораторија на трпеза: Нова сорта јаболки, кои во фрижидер траат до една година

100

Новата сорта на јаболка, наречена Cosmic Crisp, што научно се развива веќе две децении, веќе е во продажба во САД. Овие јаболки ќе останат свежи во фрижидер до една година.

Американската сорта на јаболки за прв пат беше одгледана на државниот универзитет во Вашингтон во 1997 година, а е добиена од вкрстување на веќе постоечките сорти Honeycrisp и Enterprise, со цел да се добие сорта која ќе биде послатка, покрцкава и сочна. И секако да остане свежа до една година.

Одгледувањето на цврсти, свежи и сочни јаболка чини 10 милиони долари, пренесе порталот Кликс.ба. Моментално се достапни исклучиво во САД, а на почетокот на наредната година, ќе ги има на светскиот пазар.

„Тоа е многу крцкаво јаболко, релативно е цврсто и има добар слатко-горчлив вкус, а исто така е и многу сочно“, рече Кејт Еванс, еден од водачите на програмата на Универзитетот во Вашингтон. Исто така, истакна таа, јаболкото задржува одличен квалитет, дури и по 10 до 12 месеци во фрижидер.

Во околината на Вашингтон растат повеќе од 12 милиони стебла, а овоштарниците прекриваат околу 12.000 хектари. Одгледувачите се очекува од продажбата да заработат околу 30 милиони долари.