Англиската писателка Агата Кристи, (1890 -1976), според Гинисова книга на рекорди е најпродавана авторка на детективски романи на сите времиња… Интересен е фактот кој зборува дека само Библијата и делата на Шекспир имале поголема продажба од романите на Агата Кристи.

Нејзините најчитани романи се: „Убиството на Роџер Ајкрофт“, „Трупот во саркофагот“, „Убиството во Ориент експрес“, „Десетте мали црнци“, „Саемот за криминал“, „Карипската загатка“, „Никотинот“, “Тајната стапица Чимниз“, „Тајната на седумте бројчаници“, „Со отворени карти“, „Убиство во Месопотамија“ и „Стапица за глувци“.

За време на нејзината повеќе од половина век долга книжевна кариера, таа напиша 79 книги, (од кои 66 се криминалистички романи) и неколку збирки раскази, кои се продадени во повеќе од две милијарди примероци низ светот и се преведени на повеќе од 50 јазици.

Според Гинисовата книга на рекорди, Агата Кристи е најпродаваната авторка на сите времиња. Нејзината драма „Стапица за глувци“ имаше повеќе од 25.000 настапи на сцена.

Во 2013 година, Агата Кристи е прогласена за најдобра писателка на детективски приказни, а нејзиниот роман „Убиството на Роџер Ајкрофт“ е прогласен за најдобар криминалистички роман на сите времиња.

Како дел од нејзините литературни дела, таа беше назначена за командант на Редот на Британската империја во 1956 година, а следната година стана претседател на „Детективскиот клуб“.

Таа почина во 1976 година на 86-годишна возраст.