Од Ковид-19 починале околу 115.000 здравствени работници во светот

40

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од февруари 2020 година до мај оваа година најверојатно починале околу 115.000 здравствени работници од Ковид-19, поради што е исклучително важно да имаат приоритет кога станува збор за вакцинацијата.

„Основата на секој здравствен систем се неговите вработени. Ковид-19 ни покажа колку се потпираме на нив и колку сме ранливи кога оние кои го штитат нашето здравје не се заштитени“, рече претседателот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус, пренесува Фонет.

Тој изјави дека, според податоците од 119 земји, во просек, два од пет здравствени работници биле целосно вакцинирани на глобално ниво.

-Ова е просекot и не покажува огромна разлика меѓу регионот и економските групи. Во Африка, секој десетти здравствен работник е целосно вакциниран, додека во повеќето земји со високи приходи, повеќе од 80 отсто се вакцинирани, рече Гебрејезус.

Тој ги повика сите земји да обезбедат приоритет на сите медицински работници за време на имунизацијата, заедно со другите ризични групи.