Од каде му е чудниот прекар на пејачoт Благоја Грујовски? Како “Баже супер маже“ стана “Башким”?

374

– Сам си го барав, па си го добив, вели Благоја само за весникот “Вечер“. Јас на колегите зад сцената и во дружењата кога не настапуваме им измислував секогаш секакви прекари, а тие да ми возвратат, кога бевме на една турнеја по Албанија, ми го закачија прекарот “Башким“!

Во светот на естрадата, дома и во странство, има многу пејачи кои официјално не настапуваат под своето вистинско име и презиме, туку со некој прекар. Но има и такви кои само колегите зад сцената ги ословуваат не по нивното познато име за публиката, туку по некое сосема друго.

Карактеристичен пример за тоа е фолк-ѕвездата Благоја Грујовски. Весникот ВЕЧЕР открива дека тој за своите колеги со кои инаку е во одлични релации секогаш е ословен по прекарот Башким. Многу чуден прекар кој само на прв поглед нема никаква врска со Благоја.

– Тој прекар за мене и те како има голема врска, голема логичност. Сам си го барав, па си го добив, хахахааа…..вели Благоја за “Вечер“. Прво јас на колегите зад сцената и во дружењата кога не настапуваме, додека патуваме веројатно да не ни биде здодевно им измислував секогаш секакви прекари. Но после една подолга турнеја која ја имавме во соседна Албанија, тие решиле да ми возвратат, секако не по лошо. Туку по добро. Па ми го дале прекарот Башким. Например, Башким Грујова, хахахаааа….зошто да не?!

Тоа е всушност популарно албанско име, тоа Башким. Ни во кој случај не им се лутам на колегите. Но сега гледам дека има и некои новинари кои покрај моето вистинско име и презиме ќе ми го додадат прекарот Башким.

Е, ако им е тоа задоволство, нека им е. Само јас ќе им препорачам на тие новинари дека многу подобро ми звучи кога во обраќање со мене, ќе ми кажат со римување: “Баже супер маже“! Јас сум за оваа варијанта, а Башким им го препуштам на тие кои мислат дека треба така да ме ословуваат, ама само во приватни комуникации, но не и на сцената, нели.

А и рака на срце, некако со тоа “маже“ имав во изминатото време многу згодни жени, искрен е нашиот “Баже супер маже“.

Дуле Миќиќ