Од денеска бензините поскапи за 1,5 денари

58

Цената на бензините да бидат повисоки за 1,5 денари, а цената на Дизелот и Екстра лесното гориво да поскапат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од ноќеска по полоќ возачите полнат горива по нови цени и тоа,безнинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 го точат по 70,50 денари за еден литар, додека ЕУРОСУПЕР БС- 98 го полнат по цена од 72,50 денари за литар.

И дизелот е со нова повисока цена, тој се продава по цена од 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 51,50 денари за еден литар.

И цената на мазутот од ноќеска по полноќ со нова цена, се продава за 36,081 денар.

Инаку, минатата недела бензините поскапеа за половина денар, а дизелот се намали за половина денар.