Од денеска апликацијата МојДДВ достапна и за ајфон

205

Апликацијата МојДДВ од вчера е достапна и за корисниците на ИОС системите, одосно можат да ја пеземаат и корисниците на ајфон.

Од УЈП информираат дека тие апликацијата може да се преземат од  Аpp store како и од линкот https://apps.apple.com/us/app/moj-ddv-ujp/id1472553785.

-Доколку не сте регистрирани на системот е-Персонален данок регистрирајте се. Вашата е-пошта и лозинка ќе ги користите како најава во апликацијата Мој ДДВ, апелираат од УЈП.

Преку апликацијата МојДДВ сосптвениците на андроид можноста да ги скенираат сметки ја добија на 1 овој месец, а за сопствениците на андроид досега се чекаше одобрение од Аpp store.

Со скенирање на фискалните сметки граѓаните добиваат можност на крајот на оваа година да им се врати 15 проценти од платениот ДДВ. Поврат е можен само од сметките до 30.000 денари.