Од Баерн (М) си заминав само поради еден фудбалер

314

Откако на крајот од 2019 година доби отказ од челниците на германскиот бундеслигаш Баерн (М), хрватскиот стручњак Нико Ковач неколку месеци беше без работа. Сепак, пред неколку дена, Ковач и официјално беше преставен како нов тренер на францускиот гигант Монако.

И покрај фактот дека со Баерн (М) ја освои дуплата круна, неговата работа на „Алијанс арена“ постојано беше анализирана од клупските челници. Под лупа беше секој негов потег и јавноста беше убедена дека се чека само една причина за да биде ставен крај на соработката со хрватскиот стручњак.

Ковач го загуби авторитетот и беше во „војна“ со неколку староседелци во соблекувалната. Германската јавност беше убедена дека бунтот во соблекувалната бил организиран затоа што Хрватот ја игнорирал клупската легенда, Томас Милер. Срамниот пораз од 5:1 на гостувањето во Франкфурт се покажа како клучен за долго најавуваниот отказ.

Во последното интервју кое го даде за „Л’Екип“, Ковач најпосле призна дека Томас Милер бил најголемиот проблем.

  • Нормално дека ќе бидете незадоволни ако не играте за првиот тим. Ако сте ѕврезда и не играте, тогаш сте многу незадоволни и тогаш притисокот врз тренерот е уште поголем. Не беше лесно да се тренира Баерн (М), но ние имавме за задача да освоиме неколку трофеии и освоивме три трофеии. Сфатив што точно ми се случи и тоа искуство ќе ми помогне да бидам уште подобар тренер, изјави Ковач.