Одрон од карпа го блокира патот Струга – Радожда

43

Одрон од карпа го блокира патот Струга – Радожда, кај местото викано Елен Камен.

Екипи на „Македонија пат“ се на терен и се очекува за брзо патниот правец да биде расчистен и да продолжи нормално да се одвива сообраќајот.

– Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, бидејќи дождот деновиве беше со висок интензитет, а лошите временски услови се очекуваат и во наредните денови, велат од Општина Струга.

Жителите кои гравитираат на тој аптен правец, се загрижени за безбедноста во сообраќајот, поради опасноста од нови одрони.