Меѓународната ракометна федерација (ИХФ ги објави шешеирите за ждрепката, загрупите за  Светското првенство во Египет, во јануари 2021 година.

Познати се 30 учесници, а двата последни би требало да дојдат од Северна Америка и Кариби и од квалификацискиот турнир во Јужна Америка. Доколку турнирот предвиден од 19 до 25 октомври во Ел Салвадор не се одржи, ИХФ ќе го додели местото на најдобрата европска селекција која не обезбедила пласман, а тоа е Македонија.

Шешири: Прв шешир – Данска, Хрватска, Шпанија, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Втор шешир – Египет, Аргентина, Австрија, Унгарија, Тунис, Алжир, Катар, Белорусија, Трет шешир – Исланд, Бразил, Уругвај, Чешка, Франција, Кореја, Јапонија, Бахраин, Четврти шешир – Ангола, Зеленортски Острови, Мароко, Полска, Русија, Конго, квалификант Јужна Америка, квалификант Северна Америка и Кариби

Светската титула од претходното првенство ја брани Данска.