Одморалиште од пластика за оние што сакаат еко одмор

98

Сте слушнале ли за „Лебдечкиот остров“? А за одморалиштето од пластика на Брегот на слоновата коска? Да, да, секако дека постои, тоа е остров направен од 200 тони ѓубре и претставува вистински пример за зелен туризам. Овој остров на кој се наоѓаат хотел, ресторан, караоке-бар и два базени е многу посетено, а дел од енергијата се произведува со помош на соларни панели.

„Кога станува збор за овој концепт, неверојатно е тоа што загадувањето со пластични шишиња го претвораме во нешто позитивно“, вели Ерик Бекер за својот лебдечки остров.

https://www.instagram.com/p/B5PwvGrnSRU/?utm_source=ig_embed

Бекер сака да го промовира зелениот туризам и се надева дека неговиот концепт ќе инспирира други претприемачи на сличен чин. Островот во моментот тежи 200 тони и е изграден во лагуна, бидејќи, објаснува Бекер, плитката вода е подобра за самиот концепт.

Сите објекти на овој остров имаат електрична енергија на соларен погон, а слатка вода добиваат од копното бидејќи лагуната е во близина на Абиџан, најголемиот град на Брегот на слоновата коска. За преноќување во одморалиштето е потребно да издвоите 100 долари.

Сепак, Бекер смета дека „Лебдечкиот остров“ не е уште совршен. Иако е еколошки поприфатлив од стандардните хотели, гостите и понатаму оставаат отпад, а канализацијата се испушта редовно во лагуната, што е случај и со други места во Абиџан. Затоа Бекер ја тестира технологијата за претворање на отпадот во компост за билките, пишува Кликс.ба.