Одмазднички чин на САД за нападот во Кабул

265

Вчера беше извршен воздушен напад од страна на САД врз Исламската држава во кој беа убиени двајца припадници на ИСИС-К, пренесува Радио Слободна Европа.

На ваквиот одмазднички чин на САД му предходи нападот на исламистичкиот бомбаш-самоубиец во кој беа убиени десетици луѓе во близина на аеродромот во Кабул во четвртокот.

Нападот беше изведен во време кога од Белата куќа најавија дека екстремистичка група планира нов напад во последните денови на евакуација на луѓе од Авганистан.