ОДЛУКАТА ПАДНА: Србија ќе праќа Косовка девојка на Евровизија во Тел Авив

98

Младата и убава интерпретаторка Невена Божовиќ, која по потекло е од Косово, ќе ја претставува Србија на годинешново 64. издание на Евровизија, која ќе се одржи на 14 мај во Тел Авив во Израел. Таа победи на Беовизија со композицијата “Круна“, за која аранжманот го направи Дарко Димитров.

Победничката песна таа ја посвети на својот сопруг Никола Ивановиќ.

Невена Божовиќ е родена 1994 во Косовска Митровица, а ја претставуваше Србија на Детската Евровизија 2007 година во Ротердам каде го освои третото место.

Во 2013, како член на групата “Моје 3”, се натпреваруваше како претставник на Евровизија 2013 година во Малме.

Инаку, Србија на годинешнава Евровизија ќе настапи во првиот дел од полуфиналето. Нашата земја, пак, ќе ја претставува Тамара Тодевска, која ќе настапи на 16 мај, на втората полуфинална вечер со песната чиј работен наслов е “Проуд”.