„Одисеја 2024“ под ѕвездите на скопското небо/ФОТОГАЛЕРИЈА

120
Фото:П.Стојановски

Вечерва (19 јуни), со почеток од 21 часот, во Градскиот парк, Македонската филхармонија го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“.

Концертот годинава носи наслов „Одисеја 2024“, и е инспирација од револуционерниот филм „2001: Вселенска одисеја“ на Стенли Кјубрик, а со кој се најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија во јубилејот којшто годинава го слави оваа најстара национална институција – 80 години од постоењето.

Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска публиката во градскиот парк има задоволство да ужива во музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

Фото:П.Стојановски