Одвлекување на вниманието на возачот на српскиот автобус причина за тешката несреќа во Бугарија

166

Според патник од српскиот автобус кој се преврте на автопатот Тракија во Бугарија, на возачот му било одвлечено вниманието кога се обидувал да помогне да го спушти седиштето на еден од татковците на едно од децата, кое претходно почувствувало болка, изјави во директно вклучување на една од патничките со име Наташа за БТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова била причината што српскиот автобус нагло свртел надесно и се поревртел во каналот во близина на автопатот. Српските деца се враќале од фолклорен фестивал на Сончев брег на Црно Море. Во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале 38 деца и 10 возрасни лица од Србија. Во болницата во Стара Загора се примени 4 возрасни и 8 деца, еден од возрасните е во тешка состојба.

Иван Дерменџиев, министер за внатрешни работи на Бугарија, коментира дека нема тешки загуби и дека децата се живи и здрави. Според бугарскиот министер за внатрешни работи, причина за несреќата била грешката на српскиот возач, кој бил деконцентриран и изгубил контрола над автобусот. Нема надворешни пречки, ниту на патот, ниту во сообраќајната сигнализација, истакнуваат надлежните во Бугарија