Одбран ЗБОРОТ на годината – добро познат и често употребуван

56

Познатиот американски он-лајн речник на англискиот јазик „Merriam-Webster“ го прогласи зборот „вакцина“ за збор на годината, со образложение дека лекот против панедмијата со ковид-19 стана „политички аргумент и извор на поделби“ во општеството.

„Ретки се зборовите кои можат да изразат толку многу во одреден временски период. Зборот „вакцина“ во 2021 доби и други значења освен медицинското. За многумина, тој збор симболизира враќање на животот каков што беше пред пандемијата. Но, тој збор е и во фокусот на расправата за личниот избор, политичката ориентација. Нееднаквоста во здравството, сигурност во училиштата…“, се истакнува во соопштението од „Merriam-Webster“.

Зборот „вакцина“ во 2021 година е пребарануван 601 отсто почесто отколку што било тоа случај во 2020 кога збор на годината беше „пандемија“.