Одбојкарите подобри од Белорусија за деби победа на ЕП

45

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во историјата на Европските првенства, откако во четвриот дуел против Белорусија, по тешка и мачна борба славеше со 1-3 во сетови (25-23, 19-25, 27-29, 20-25).

Феноменална партија имаше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поени, Љафтов освои 15 поени, додека кај Белорусија, прво име беше Раздивон Мишкевич со 12 поени.

Следниот меч за нашиот национален тим е утре попладне, од 17:30 часот против домаќинот Словенија кој воедно е последен и од првата групна фаза на европскиот собир за Македонија.