Македонската одбојкарска репрезентација претрпе убедлив пораз од селекцијата на Холандија со 3-0 во сетови, а голем хендикеп за нас беше отсуството капитенот Никола Ѓоргиев.

Поради повреда со грбот, нашиот најдобар играч, Никола Ѓоргиев, го пропушти дуелот со Холанѓаните, но се очекува да се најде во стартната постава за утрешниот клучен меч против Чешка.