Дома ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Одбележан олимпискиот ден во Струмица

Одбележан олимпискиот ден во Струмица

26

Струмица е денеска главен град на олимпизмот во Македонија и е составен дел од сите прослави на олимпизмот од целиот свет, каде што учествуваат сите земји, посебно сите млади генерации и сите народи. Ние сме горди што денеска Струмица е избрана, горди сме што во други години и други денови имавме други градови од Македонија што на тој величествен начин учествуваат и го одбележуваат олимпизмот и денот на олимпизмот, рече претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој истакна дека треба да се знае дека олимпизмот е и нешто повеќе од спорт.

– Тој значи и пријателство, разбирање, толеранција и почитување, нешта кои треба да одат рака под рака со спортот. Во таа насока е и олимпиското движење во целиот свет, па така треба да биде и кај нас, рече градоначалникот Јаневски.

Во рамки на олимпискиот ден во Струмица се одржа предавање на тема „Стратешки менаџмент во спортските организации”, а во СОУ „Никола Карев” беше отворена изложба на тема олимпизам. Се одржаа и натпревари во футсал за девојки и кошарка за момчиња, а денот заврши со ноќни трки низ улиците на Струмица.

Настанот го организираа Македонскиот олимписки комитет, Сојузот на училишен спорт на Струмица и општина Струмица.