Одбележана првата годишнина од канонизацијата на св.Кипријан Слепченски

85

Една година по официјалното прогласување на светиот
свештеномаченик Кипријан за светител, денеска со литургија, литија, рецитал посветен на
светителот и пригодна музичка програма, Слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ во
демирхисарско Слепче, го одбележа денот на својот игумен кој се упокои на 30 април 1780
година.
Од манастирот информираа дека верници од целата држава денеска биле во Слепче и се
поклониле пред моштите на св.Кипријан Слепченски.
Сестринството на манастирот ги пречекале и испратиле многубројните гости меѓу кои и
митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, како и градоначалникот на општина Демир
Хисар, Марјанче Стојановски, посочуваат од манастирот.
На денешната свеченост и официјално Демир Хисар го прогласила свети Кипријан за свој
заштитник, покровител и патрон на градот. Моштите на Светителот се изложени за поклонение,
секој неделен ден после неделната литургија во манастирот.