Овој Манчестер јунајтед нема карактер

37

Поранешниот играч на Манчестер Jунајтед, Рој Кин, ги искажа своите впечатоци по изданието на „црвените ѓаволи“ во 1. коло од Премиер лигата.

  • Проблемите остануваат исти. Истите ликови, истите личности, особено во средниот ред. Тимот има талентирани играчи, но кога имаат неуспеси, не се справуваат со нив. Не гледам личности и карактер во Манчестер јунајтед, изјави Кин за „Скај Спортс“.

Манчестер јунајтед вчера загуби од Брајтон со 1:0 во натпревар од 1. коло на англиската Премиер лига.

Во новата сезона тимот го предводи тренерот Ерик тен Хаг од кого се очекува да го врати Јунајтед помеѓу најдобрите во aнглискиот и европскиот фудбал.