Овој викенд многу весело со Лепа Брена, Нино Величковски, победникот на “Макфест“….во Куманово!

124

По повод 500 години постоење на градот Куманово на Градскиот плоштад, во Куманово оваа недела (овој викенд) после 21:00 часот голем спектакуларен концерт на отворено (се надеваме без дожд) ќе има мегапопуларната Лепа Брена. Пејачката доаѓа со својата екипа и ќе испее во живо голем број свои добро познати песни од оние најстарите како на пример: “Ситније Циле, ситније“, “Мики, Мики мој“, “Удри Мујо у тепсију“, “Јанош“, “Маче моје“, “Чачак“, “Миле воли диско“… до овие најновите со кои и понатаму е на врвот на топ-листите.

Освен Лепа Брена на кумановската сцена ќе ги видиме и победникот на “Мак-фест“ Мартинијан Кириловски, Маргица Антевска, Џенан Лончаревиќ, Марио Арангеловски, Ивона Јовановиќ, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ….но, исто така, ќе запее и популарниот домаќин кумановецот Нино Величковски. Фештата е планирана да трае до раните утрински часови, па веруваме дека кумановците и гостите туристи одлично ќе си поминат.   Д.М.