Овие четири работи го намалуваат стресот

18

За среќа, постојат четири брзи начини како моментално да го намалите нивото на стрес во вашиот организам.

1. Регулирајте го дишењето

Кога сте под стрес, поверојатно е дека ќе хипервентилирате, што предизвикува уште поголема тензија. Кое е решението? Бидете свесни за своето дишење. Ако чувствувате дека сте блиску до тоа сосема да пукнете, свесно опуштете се и длабоко дишете низ нос и издишете од уста. Правилното дишење може да помогне и во забавувањето на бројот на отчукувања на срцето и да го намали крвниот притисок. Направете го тоа неколку пати, сè додека не почувствувате дека се чувствувате барем малку подобро.


2. Пијте вода

Дехидратацијата се случува кога сте под голем притисок, а одамна е познато дека таа е еден од главните непријатели на продуктивноста. Кога на своето тело ќе му ја ускратите течноста која му е потребна, создавате стрес, а тоа така и ќе ви одговори на него. Затоа не заборавајте да пиете доволно течности баш секој ден.

3. Прошетајте

Еден од најдобрите начини за да ја вратите потребната енергија, за решавање на стресните задачи, е накратко да се тргнете од нив и да прошетате. Најдобро би било да излезете на свеж воздух, но ако тоа не е можно, прошетајте низ канцеларијата. Одењето всушност може да го стави вашиот мозок во состојба на медитација, додека природата докажано ја намалува напнатоста и го зголемува нивото на енергија. Освен тоа, погледот на нешто ново и поинакво ќе им ја даде на вашите очи толку посакуваната пауза.

4. Нека ви биде пријатно

Отстранете сè што на било кој начин ве ограничува и спречува во тоа да се чувствувате максимално пријатно, без разлика на тоа за што се работи. Најдете положба која ви е најудобна, бидејќи тоа ќе ви овозможи моментално олеснување.