Кога ќе се роди, детето ги носи гените на двајцата родители. Но, постојат некои работи кои се наследуваат само од мајката. Истражувачите дошле до податоци кои потврдуваат дека на интелигенцијата, стареењето и склоноста кон дебелеење, гените од таткото немаат влијание.

Истражувањетп спроведено на Универзитетот во Глазгов покажало дека на интелигенцијата најголемо влијание имаат мајчините гени. Во однос на мајчиниот коефициент на интелигенција, коефициентот на детето варира само 15 бода. На интелигенцијата исто така влијаат и соци-економскиот статус и образованието.

Начинот на кој ќе остариме исто така во многу зависи од мајчините гени, потврдиле научниците. Според нивните сознанија, ДНК од митохондриите кои ги наследуваме исклучиво од мајката, делумно влијаат на начинот на кој старееме.

 

Многу научници истакнуваат дека од мајката го наследуваме и метаболизмот, што потоа влијае и на тоа дали побрзо се дебелееме. Доколку мајката има вишок килограми, голема е веројатноста дека и детето ќе биде склоно кон дебелеење.