Овие работи немојте да ги правите на Нова Година

98

Суеверие или не, некои луѓе веруваат дека со некои постапки можеме да привлечеме лоша среќа. Според верувањата и обичаите следните работи никако не треба да ги направите на стартот на Новата година:

1. Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот.

2. Никако не се позајмуваат пари на 31 декември ни 1. јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми.

3. Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1. јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.

4. Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.

5.  Работа не се склопува на 1 јануари – тоа значи нема да е успешна.

6. Не треба да се пере облека или садови на 1. јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.

7. Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.