Овие намирници се најдобриот мелем за болно грло

56

Со есента и студените денови, доаѓаат и  вообичаените насдтинки и болки во грлото. Најчестите причини за болно грло се вируси или бактерии, но иритациите на грлото исто така може да бидат предизвикани од пушење, сув воздух или алергии.

Многу е важно да се знае дека во повеќето случаи причината најверојатно е вирус, како и дека антибиотиците не се корисни во такви инфекции. Но, затоа може да ја намалите непријатната болка и да го излекувате воспалението на со неколку намирници кои се вистински мелем за болно грло.

Прво и основно – мора да внимавате да јадете квалитетна храна која нема да ви предизвикува болка секој пат кога ќе проголтате, храна богата со хранливи материи и да пиете многу вода.

Храната што ја јадете дефинитивно може да го забрза заздравувањето, а овие неколку состојки дефинитивно добро ќе му дојдат на грлото.

СУПА
Пилешка супа нуди антиинфламаторни својства кои ги ублажуваат симптомите на настинка, тврдат научниците. Дополнителните истражувања потврдија дека аромата, зачините и температурата на супата можат да ги исчистат дишните патишта кои предизвикуваат најголем број проблеми.

Докторите советуваат дека е важно да го зголемите внесот на течности доколку сте настинати. Кога сте болни, вашето тело треба да надомести изгубена течност, а жешката супа го прави токму тоа.

Иако науката не може да идентификува кои состојки во супата помагаат во борбата против настинката, најверојатно станува збор за нивна комбинација. Повеќето супи содржат храна која е полна со хранливи материи – влакна, витамин Ц и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем за полесно да се борат против симптомите на настинка.

 

МЕД


Медот е главниот лек од античко време, и тоа од многу добра причина.Современата наука покажа дека медот е многу добар кога нe напаѓаат разни инфекции, бактериски и вирусни, како и болки во грлото.

Не треба да не претерувате, бидејќи премногу шеќер може да го ослабне имунолошкиот систем.

Одлична комбинација за болно грло е мед помешан со свежо исцеден лимун.

ЈОГУРТ


Според научниците, секојдневно консумирање јогурт може да го зајакне имунитетот бидејќи јогуртот содржи корисни бактериски култури на Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus.

Покрај тоа, тој нуди добри количини на калциум, витамини Б и Д, како и други хранливи материи кои делуваат на имунолошкиот систем. Протеините и здравите масти помагаат и во борбата против вирусите и бактериите. Покрај тоа, ладната и нежна текстура на јогурт ќе биде многу полесно да се проголта ако имате болки во грлото.

ЈАЈЦА
Јајцата имаат многу неутрална текстура и ако ги подготвите како пржени јајца, нема да ви пречат при голтање. Поради содржината на минералите како цинк, железо, селен и витамини Д и Б, тие помагаат во борбата против инфекциите кои предизвикуваат болки во грлото.

ПИРЕ ОД КОМПИРИ
Оставете ја кората кога готвите компири бидејќи е извор на магнезиум, витамин Ц и антиоксиданси, кои се одлични за силен имунитет. Но, не јадете пире кога е  премногу жешко бидејќи може дополнително да го иритира грлото.

ЦЕДЕНИ ОВОШНИ СОКОВИ
Смути или цедени обошни сокови се одличен пијалок ако сакате да внесете многу здрави состојки во неколку голтки, и секако дека нема да ви ја зголеми болката при голтање.

Наместо сок од портокал, користете го целиот затоа што е полн со витамин Ц и влакна. Лекарите ги советуваат луѓето кои имаат болки во грлото околу 3000 милиграми витамин Ц дневно, со цел имунитетот да закрепне што е можно поскоро. Поголем дел од оваа доза може да се обезбеди токму по природен пат преку овошните сокови.