Ова се најскапите улици во светот: Изнајмување метар квадратен на Петтата авенија чини 21.076 евра

116

Петтата авенија во Њујорк е „најскапата“ и најлуксузната улица во светот, а во Европа оваа титула ја носи улицата Монте Наполеоне во Милано. Листата на најскапи улици секоја година ја составува американската агенција „Кушман и Вејкфилд“ од 92 града ширум светот врз основа на само еден критериум – цената на изнајмување простор по метар квадратен!

Во престижната Петта авенија изнајмувањето чини 21.076 евра за метар квадратен, а во Милано 14.547 евра, колку што плаќаат познатите брендови за изнајмување простории по метар квадратен.

Монте Наполеоне, кој се наоѓа во центарот на Милано, со години е во топ 10 најлуксузни улици, а ова е првпат да се најде на врвот по цена, пред улицата Њу Бонд во Лондон и Шанзелизе во Париз.

– Очигледно, Милан повторно процвета по пандемијата. Забележлив е поголем број туристи, како и поголем интерес на познати луксузни компании да инвестираат во отворање нови продавници на таа улица, објаснуваат од агенцијата „Кушман и Вејкфилд“.