Ова лето:машки хаваи-шортсеви

99

Ова лето составен и неизбежен дел од машката гардероба ќе бидат атрактивните хаваи-шортсевите. Овие шортсеви и порано беа моден хит, но едно време како да изсчезнале од гардеробата на мажите. Сега се враќаат во полн сјај што беше потврдено и неодамна на една ревија на модата во Москва, која станува како и Париз центарот на модните актуелности. Хаваи-шортсевите комбинирајте ги исклучиво со патики во било која боја или со сандалите на боса нога, а исто така и со влечките за плажа.

Врз таков шортс никако не облекувајте кошула, туку исклучиво мајца, може и атлетско-спортка. Маиците кои најмногу прилегаат кон хаваиките се оние еднобојни, а нив ги има во изобилство во нашите бутици по поволни цени. Така ако сте во тек со модата и ако саката ова лето да изгледате трендовски, имајте го обавезно ова парче гардерова и да не сте на море. Хаваи шортсевите се вклопуваат и во улична градска шема, но ако знаете сето тоа добро да го искомбинирате.