Ова е последното видео на Пригожин пред неговата смрт: „За оние кои се прашуваат дали сум жив“/ВИДЕО

134

Новообјавеното видео на лидерот на групата Вагнер, наводно, го прикажува Евгениј Пригожин во Африка само неколку дена пред, тврди Москва, тој да загинe во авионската несреќа во Русија.

„За оние кои дебатираат дали сум жив или не, и како сум – сега е викенд, втората половина на август 2023 година, јас сум во Африка“, вели Пригожин во краткото видео објавено на канал на Телеграм, поврзан со Вагнеровата група.

„За оние кои, значи, расправаат за тоа како да ме избришат или за мојот приватен живот, колку заработувам или нешто друго – се е во ред“, додава тој, мавтајќи со раката. Ројтерс не можеше да ја потврди локацијата или датумот на снимањето на видеото.

Според Индекс, на видеото Пригожин е во возило во движење и носи маскирна облека, капа и часовник на десната рака што одговараат на неговиот изглед на видеото објавено на 21 август, а кое наводно било снимено во Африка.

Имајќи предвид дека тој зборува за викенд, снимката треба да се однесува на 19 или 20 август, што е само три или четири дена пред тој да загине во авионска несреќа северно од руската престолнина на 23 август.

Рускиот претседател Владимир Путин, против кого Пригожин започна краткотраен вооружен бунт во јули, во својата прва реакција на авионската несреќа рече дека шефот на Вагнер пристигнал од Африка ден пред несреќата.