Песната „Маџарица“ е еден од најголемите хитови на Здравко Чолиќ, но навидно, токму оваа песна е и причина за некогашната кавга меѓу Ѓорѓе Балашевиќ и Горан Бреговиќ, открива Index.hr

„Маџарица“ беше дел од албумот „Мало појачај радио“ кој Здравко Чолиќ го снимал во 1981 година во Лондон. Автори на песните на албумот биле Драшко Трифуновиќ, Ѓорѓе Новковиќ и Марина Туцаковиќ, додека пак „Маџарица“ ја напишал Ѓорѓе Балашевиќ. А, Бреговиќ требало да напише музика за песната.

Песната првично била напишана под наслов „Опатица“, меѓутоа Бреговиќ бил убеден дека ќе помине подобро како „Маџарица“. Балашевиќ не се согласил на предлогот, но Здравко Чолиќ сепак се одлучил за насловот што го предложил фронтменот на „Бело дугме“.

Кавгата околу „Маџарица“ наводно резултирала со тоа Бреговиќ и Балашевиќ да не соработуваат никогаш повеќе.