Ова е најсреќната земја на светот – три работи се клучни за среќата на нејзините жители

8835

Оваа земја петта година по ред го држи рекордот за најсреќната земја во светот.

Според минатогодишниот извештај, жителите на 156 земји одговарале на прашања за тоа како живеат и колку се задоволни од животот, а некои од факторите земени во предвид се социјалната поддршка, животниот век, дарежливоста, отсуството на корупција, итн.

Според извештајот, најсреќната земја на светот е Финска, а финскиот психолог Френк Мартела издвои три точки за кои смета дека се клучни за среќата на Финците.

– Тие не се споредуваат со соседите, тие имаат сопствена работа, имаат висок степен на меѓусебна доверба и почитување на природата.

Во Финска, постои добро позната реченица од еден поет:

„Не се споредувајте со другите, не се фалете со својата среќа“. Видов еден од најбогатите луѓе во земјата го турка својот син во количка до трамвајската станица, без разлика што има пари и за количката и за возачот. Таму сите се однесуваат како обични луѓе и секој си поставува стандарди, без разлика колку се успешни другите, или што поседуваат, рече Мартела.

Зборувајќи за довербата, Мартела потсети на едно минатогодишно истражување кое покажа дека 11 од 12 изгубени паричници во Хелсинки биле вратени на нивните сопственици и дека Финците ја ценат чесноста. Покрај тоа, Финците наоѓаат мир и релаксација во природата повеќе од другите народи.

Неписменост речиси и да не постои

Образованието е бесплатно и задолжително од 7 до 16 години. Неписменоста речиси и не постои. Покрај редовното основно и средно образование, во Финска сè уште постојат народни академии и работнички институти.

Училиштата за возрасни се приватни, општински, или провинциски и се поддржани од државата. Исто така, постои систем на средни стручни училишта како што се комерцијални, занаетчиски, технички, трговски и земјоделски.

Финскиот институт за високо образование вклучува 13 универзитети и неколку колеџи и училишта за обука на наставници со годишен упис од 205.000 студенти. Најголем е Универзитетот во Хелсинки.