Овогодинешниот септември е најтопол откако климатолозите на Европската унија започнаа да ги мерат температурните движења во 1981 година, и е нов во низата загрижувачки температурни записи, пишува Globalnews.

Службата за климатски промени Copernicus објави дека минатиот месец бил за 0,57 степени потопол во однос на светскиот просек забележан помеѓу 1981 и 2010 година.

Речиси во цела Европа имаше температури повисоки од просечните, а врнежите од дожд беа поретки од вообичаеното. Потопли беа некои делови на Соединетите американски држави, како и регионот на Арктикот, кој изгуби 36% повеќе од ледената покривка од минатата година во истиот период.

Copernicus, програмата на Европската унија која се базира на податоци добиени од сателити, претходно објави дека септември 2019 година е рекордно најтопол досега, а август е вториот најтопол месец откако се спроведуваат набудувањата.

За последните 12 месеци, температурите се над просекот во областите на Арктикот, поголемиот дел од Европа и повеќето други копнени и морски области.