“Винскиот салон Битола 2024“ за сите што го сакаат, почитуваат и живеат во симбиоза со виното, оваа сабота во Битола, од 18 до 24 часот и тоа пред Музејот на “Битола-Пацио“.
Сите што ќе дојдат ќе имаат можност да присуствуваат на петтото издание на популарниот “Slow Wine – Вински Салон-Битола 2024“, кој годинава го има мотото: Виното се пие цела година!!!
Ние би додале и особено сега кога се овие летните горештини. Според сопствениот вкус за доброто вино. “Slow Wine 2024 – Винскиот салон-Битола“ е поддржан од Општина Битола во рамките на програмата на “Битфест 2024“.